Леброн добива ново друштво во Лос Анџелес: Хауард се враќа во Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс и официјално го ангажираше искусниот кошаркар Двајт Хауард, кој беше денеска претставен од страна на генералниот менаџер, Роб Пелинка.

Хауард во просек постигнува по 16,2 поени, 12,1 скокови и 1,9 блокади по натпревар, а во текот на кариерата настапи на 1.182 меча во екипите на Орландо, Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон, Филаделфија и Лејкерс.

Искусниот кошаркар беше дел од Лејкерс во 2020 година, кога екипата од Лос Анџелес го освои шампионскиот прстен во најсилната кошаркарска лига во светот.

 

 

 

Се вчитува...