Леброн: Гледав три обрачи, па шутнав во средниот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го преживеаја плеј-ин натпреварот против Голден Стејт и го осигураа седмото место на Западот откако на крилјата на Леброн Џејмс и неговата тројка од десет метри славеа со 103-100.

На потегот на вечерта му претходеше лична грешка на Дејмонд Грин над „Кралот“ кога при обид за забивање, играчот на Голден Стејт направи неспортски фаул при што го закачи Леброн во окото, но и тоа не му засмета на еден од најдобрите кошаркари во историјата да постигне поени за водство на својот тим.

„Откако добив прст во око, гледав три обрачи. Шутнав во средниот и фала на Бога успеав да погодам. Ова не е прв пат, и порано се случуваше некој да ме закачи со прст во око. Вечерва ќе отече и утре ќе биде отечено, но остваривме голема победа“, изјави по мечот Леброн.

Се вчитува...