Леброн и Дејвис пресилни за „ранетиот“ Мајами (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс поведе со 2-0 во финалната серија против Мајами Хит во НБА лигата, откако во вториот натпревар славеше со 124-114. Мајами имаше големи проблеми на овој натпревар бидејќи Ерик Сполстра поради повреда не можеше да смета на Горан Драгиќ и Бем Адебајо.

Особено недостигаше Адебајо бидејќи Лејкерс едноставно доминираа под кошот и успеаја да соберат вкупно шеснаесет офанзивни скока. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис повторно беа неверојатни откако заедно успеаја да постигнат 65 поени. Леброн го заврши мечот со 33 поени и по 9 скока и асистенции, додека Дејвис уфрли еден помалку, но со неверојатна реализација од игра (15/20).

Кај Мајами Џими Батлер беше на нивото со 25 поени, 13 асистенции и 8 скока, додека изненадувачки од клупа одличен беше Кели Олиник кој мечот го заврши со 24 поени. Третиот натпревар од финалната серија е во недела кон понеделник во 1:30 часот по полноќ.

Се вчитува...