Леброн и Кливленд се изборија за ново големо финале со Голден стејт!

Кошаркарите на Кливленд се изборија за големото финале сезонава во НБА лигата.

Кливленд синоќа во „ТД Гарден“ славеше со 135-102 за 4-1 во серијата против Бостон за дуел сега со Голден стејт во големото финале. Ќе биде тоа реприза на минатогодишното финале.

Уште по првиот период во синоќешниот меч Кливленд се стекна со предност од 16 поени, и истата постојано ја одржуваше за на пауза да замине со 75-57. Дефинитивно, прашањето на победникот беше решено во третата четвртина декласирајќи го Бостон и за 35 поени разлика (109-74). Се понатаму беше рутина за победа.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд до победата со 35 поени, и плус и по осум скока и асистенции. Го следеше Кајри Ирвинг со 24 поени и 7 асистенции. Кевин Лав дополни со 15 поени и 11 скока, а Дерон Вилијамс дополни со 14 поени. Кај Бостон се истакна Бредли со 23 поени.

Кливленд, на тој начин, си обезбеди трето едноподруго финале во кое и по трет пат по ред ќе се сретне со Голден стејт. Големото финале почнува во утринските часови, по средноевропско време, на 2. јуни.

Се вчитува...