Леброн и син му во ист тим во НБА?

Леброн Џејмс неодамна потпиша нов договор со ЛА Лејкерс што ќе истече во јуни 2023 година, а „кралот“ ја обелодени и својата последна желба до крајот на кариерата, да заигра во ист тим со својот син Леброн Џуниор „Брони“ во НБА-лигата.

Брони има 16 години и е дел од средното училиште „Сиера Кенјон“, настапува за кошаркарскиот тим на своето училиште, но се уште е неизвесно дали ќе израсне во играч со НБА-потенцијал. Тој би требало да го заврши училиштето во јуни 2023 година, ист период во кој и Леброн ќе стане слободен играч. НБА го има забрането влезот на играчи директно од средно училиште уште во 2005 , но тоа не му пречи на Леброн да сонува дека во следните години тоа ќе се промени.

„Среќен сум што потпишав нов договор. Најдобро од се е што тој договор ми истекува и ќе станам слободен играч во ист период кога син ми ќе го заврши средното училиште. Ќе имам можност да играм заедно со него, доколку се поклопат некои работи. Тоа ми е желба број 1 до крајот на кариерата“, истакна Леброн.

 

Се вчитува...