Леброн ја одложува операцијата на стопалото поради битката за плеј-оф

Кошаркарот на ЛА Лејкерс Леброн Џејмс, го одби советот на лекарите да го оперира повреденото стопало. Тоа го стори затоа што сакал да му помогне на својот тим да избори пласман во плеј-офот на НБА, пренесуваат американските медиуми.

Џејмс пред еден месец, а се врати на теренот во поразот од Чикаго синоќа Тој на овој меч постигна 19 поени.

„Ја скинав тетивата на десното стопало, но за опоравување треба повеќе од четири недела. Двајца лекари ми препорачуваат операција, со која би ја завршил сезоната. Но, јас отидов кај „Леброн Џејмс за стопала“ и тој ми рече да не прифаќам. И, се вратив побрзо од што некој очекуваше“, рече Џејмс.

Џејмс по завршувањето на сезоната ќе оди на операција на стопалото, а со оваа одлука Леброн ризикува да се влоши ситуацијата со повредата.

Се вчитува...