Леброн не е веќе во топ 5 кошаркари во НБА

Леброн Џејмс доживеа пад на ранг-листата на ЕСПН за најдобри кошаркари во НБА лигата. ЕСПН ги рангираше кошаркарите од 6. до 100. позиција место на кое годинава се наоѓа најдобриот кошаркар во последните 20-тина години.

Леброн минатата сезона беше трет на листата, но пред почетокот на новата сезона испадна од топ 5. Таму се наоѓаат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо, Стеф Кари и Џоел Ембид.

ЕСПН се уште не ја извади листата за тоа кој од овие кошаркари на која позиција се наоѓа.

 

Се вчитува...