Леброн не го гледа Јокиќ како МВП

Леброн Џејмс смета дека Стеф Кари треба да биде најкорисен кошаркар на регуларниот дел од сезоната и дека повеќе ја заслужува наградата од Никола Јокиќ.

ЛА Лејкерс поради големиот број на повреди на крајот завршија на седмата позиција во Западната конференција и за учество во плеј-офот ќе мора да играат плеј-ин натпревар против Голден Стејт Вориорс предводен токму од Стеф Кари.

„Ќе играме против тимот кој сезонава има МВП во ликот на Стеф. Тој за мене е најдобар играч сезонава. Мораме да бидеме внимателни“, изјави Леброн.

 

Се вчитува...