Леброн откри на која жена и се восхитува: Сакам да ја запознаам, мислам дека е неверојатна

Леброн Џејмс е еден од најголемите кошаркари на сите времиња и еден од најпопуларните спортисти на денешницата, за многумина би било исполнување на животниот сон да се сретнат со него, но тој исто така има свои идоли, луѓе на кои им се восхитува и кои би сакал да ги запознае.

Леброн напиша статус на социјалните мрежи и откри дека се восхитува на една од најпознатите пејачки во светот, легендарната Тина Тарнер.

„Сакам да ја запознаам Тина Тарнер. Ми изгледа неверојатно. Знам, случајно, но сепак”, напиша Џејмс.

 

Не е познато што го доведе „Кралот“ до ова признание, но не е изненадувачки што тој би сакал да се сретне со музичка икона која е глобално попопуларна од него.

Се вчитува...