Леброн се врати во дресот на ЛА Лејкерс и ја прекина победничката низа на Оклахома (ВИДЕО)

Леброн Џејмс по паузата на претходниот меч со Јута поради мала повреда на зглобот, се врати на теренот и го предводеше ЛА Лејкерс до триумф над Оклахома во синоќешниот натпревар во НБА лигата.

„Езерџиите“ ставија крај на победничката серија на Оклахома од четири меча, славејќи пред домашните навивачи со 112-105.

Леброн мечот го заврши со 25 поени а дополнето со седум скока и шест асистенции. Сепак, најдобар во составот на ЛА Лејкерс беше Ентони Дејвис кој запиша 27 поени, а имаше уште 15 скока и седум асистенции.

Се вчитува...