Леброн Џејмс се врати во тимот на ЛА Лејкерс помагајќи „езерџиите“ да триумфираат на гостувањето против Индијана со 115-121, исклучително важна победа во трката за шестото место кое значи избегнување на „плејин-разигрувањето“. „Кралот“ реализираше 24 поени и осум асистенции на камбекот, а најефикасен кај ЛА Лејкерс беше Дејвис, кој оствари дабл-дабл од 28 поени и 10 скокови. Мора да се напомене дека Индијана беше значително ослабена поради неиграњето на Сабонис, Брогдон и Тарнер, тројца икслучително важни кошаркари во ростерот на Пејсерс.
Бруклин лесно и убедливо славеше на домашен терен против Чикаго со 105-91. Клучната предност беше направена во втората четвртина (33-22), по што Нетс знаеја како да ја задржат позитивата до самиот крај Ирвинг беше најефикасен со 22 поени, додека Дурант постигна 12 поени и 9 скокови при овој триумф.
Милвоки лесно триумфираше над Мајами со 122-108 во дуелот на екипи кои би можеле да се сретнат во првата рунда од плејофот. Кај Мајами недостигаше Џими Батлер, а во отсуство на најдобриот играч „жешките“ немаа никаква шанса за изненадување. Кендрик Нан со 31 поен ги предводеше стрелците кај Мајами, а најефикасни во победничкиот тим беа Мидлтон и Форбс со по 21 поен.
Резултати НБА:
Бруклин – Чикаго 105-91, Индијана – ЛА Лејкерс 115-121, Њујорк – Шарлот 118-109 (по прод.), Минесота – Бостон 108-124, Сан Антонио – Феникс 103-140, Милвоки – Мајами 122-108.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА