Леброн со кратка изјава по најтешкиот пораз во кариерата

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Леброн Џејмс го доживеа најтешкиот пораз во кариерата.

Неговите Лејкерс загубија од Филаделфија со 138-94, а поразот од 44 поени е најтешкиот во кариерата на Џејмс, која започна во 2003 година.

Тој претходно загуби со 36 поени против Мајами во финалето на НБА и со 42 поени против Индијана во 2019 година.

„Што треба да се промени за да не се повтори ова? Многу“, рече кратко Леброн. 

Се вчитува...