Леброн суспендиран првпат во кариерата, но „жртвата“ Сјуарт мина двојно полошо

Првпат во својата 19 годишна кариера, Леброн Џејмс се соочи со суспензија од натпревари во НБА Лигата. Тој е казнет по инцидентот со неговиот противник Ајзак Стјуарт, но „жртвата“ доби двојно поголема касна.

Леброн заработи еден меч суспензија, додека Сјуарт нема да настапува на следните два меча.

Хаосот и општата тепачка се случила во третата четвртина на мечот меѓу ЛА Лејкерс и Детроит (121:116).

Џејмс е исклучен во тек на борба за позиција после слободен удар. Го удрил Сјуарт околу десното око, па му направи расекотина. Стјуарт се обиде да врати, но во тоа го сопреа соиграчите и тренерите. Двајцата добија исклучување.

Се вчитува...