Леброн Џејмс верува дека новиот Мајами Хит, предводен од Јанис Антетокумпо и Бама Адебајо, ќе биде еден од најопасните тимови во НБА.
Џејмс посебно нагласи колку му се допаѓа начинот на кој е составен составот на Мајами.
„Моите први впечатоци? Ќе бидат прилично добри“, рече Леброн.
Мајами ги донесе Јанис Антетокумпо и Боби Портис од Милвоки Бакс во текот на летото, додека во спротивна насока отидоа Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Џејми Хејкс Џуниор, Каспарас Јакутсионис и голем пакет пикови.
Потоа Хит ги додадоа Клеј Томпсон и Тим Хардавеј Џуниор, додека Адебајо, Ендру Вигинс и Давион Мичел останаа во тимот.
Леброн смета дека клучот е што Адебајо почнал да шутира многу повеќе тројки.
„Видовме што прави Бам во последните сезони. Тој почна многу повеќе да шутира тројки и тоа е многу важно.“
Џејмс, исто така, објасни зошто мисли дека Адебајо може идеално да работи покрај Јанис.
„Знаеме дека на Јанис му треба простор. Тој сака простор, тој создава простор. Тогаш е најдобар, кога може да нападне од агол од 45 степени или да влезе во празнини, а има и играчи околу себе. Мислам дека способноста на Бам да погоди тројка сега многу помага.“
Минатата сезона, Адебајо шутираше дури 5,5 тројки по натпревар, со стапка на успешност од 31,8 проценти. Леброн е уште поимпресиониран од дефанзивниот потенцијал на Мајами.
„Дефанзивно, мислам дека ќе бидат доста добри. Погледнете ги Вигинс, Бам, Јанис, Давион Мичел – тоа се момци кои се гордеат со тоа. Ќе бидат доста добри.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
