Легендарен шпански стартег го презема Ефес?

Ергин Атаман ја напушти клупата на Ефес пред почетокот на оваа сезона по шест незаборавни години во кои тимот од Инстанбул успеа да стигна до шампионската титула во Евролигата, а потоа и да ја одбрани истата.

Не помина на година дена од разделувањето, а Ефес може да го доби и третиот тренер по Атаман. Според доброупатниот евролигашки инсајдер Алесандро Маџи на крајот на сезоната хрватскиот стратег Томислав Мијатовиќ ќе тргне по стапките на Ерден Џан и ќе биде заменет со Чави Пасквал.

Искусниот 51-годишен стратег од 2020 година е дел од Зенит, но веќе се договорил со раководството на рускиот тим за раскин на договорот. Шпанскиот стартег има богато евролигашко искуство предводејќи ги Барселона и Панатинаикос во елитната европска кошаркар една деценија.

Се вчитува...