Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ објави дека ја завршува играчката кариера.
Драгана Цвијиќ се збогува со ракометот на 36-годишна возраст. Таа својата кариера ја почна во Црвена звезда. Потоа, во 2009 година, играше за Крим. Беше и член на Будуќност, а потоа го носеше дресот на ЧСМ Букурешт.
Во текот на кариерата, таа беше и пивот во тимот на ЦСКА од Москва, а кариерата ја заврши во Ференцварош, кој го водеше до финалето на Лигата на шампионите.
Двапати го крена трофејот од Лигата на шампионите, а со српската репрезентација има злато од Медитеранските игри (2013), како и светско сребро истата година, на првенството одржано во Белград.
Сепак, со Вардар од кој беше дел во сезоната 2017/2018 година не успеа да ја освои Лигата на шампиони, откао во трилер меч во финалето на Ф4 турнирот загуби од Ѓер по продолженија со 28-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
