Легендарната Раноми Кромовиџојо стави крај на пливачката кариера

Холандската пливачка Раноми Кромовиџојо реши да стави крај на богатата професионална кариера. 31-годишната Холанѓанка во кариерата освои четири медали на Летните олимписки игри од кои три златни. Доминираше на трките на 50 и 100 метри на игрите во Лондон 2012, а со злато се закити и во Пекинг 2008 во штафетата 4х100 метри. Сребро во истата дисциплина имаше и на игрите во Лондон.

Покрај олимписките медали освои три злата и на Светските првенства, како и шест најсјајни одличја на европските шампионати.

Се вчитува...