Легендарниот Анри со порака до Арсенал: Не го гледајте Сити, само победувајте!

Конечно, после долги години титулата во Премиерлигата би можела да се пресели во витрините на Арсенал. Сега тимот од Лондон има пет бодови предност пред Манчестер Сити со натпревар повеќе, и има големи шанси во последните кола да дојде до трофејот.

На „топчиите“ е само да ги добијат сите натпревари до крајот, и без оглед што ќе направи нивниот ривал Сити, тие ќе ја освојат титулата. Екипата на Артета има 76 бодови од 35 меча, а Сити има 71 бод од 34 меча.

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тјери Анри ги сподели своите очекувања, и имаше порака до Арсенал за престојните три кола до крајот на Премиерлигата.

„Сега се е повторно во рацете на Арсенал. Не можеб ни да замислам дека Сити ќе загуби бодови од Евертон. Загрижен сум за мечот на Арсенал со Вест Хем. Нема да славам прерано затоа што титулата не е освоена, но видов нервоза во Манчестер Сити. Го вратија Евертон во игра откако направија неколку грешки. Имам порака до Арсенал: Победувајте на натпреварите. Не го гледајте Сити, се е во ваши раце“, изјави Анри.

Се вчитува...