Рекордерот по број на одиграни натпревари во Премиерлигата, 40-годишниот Џејмс Милнер го објави крајот на својата богата фудбалска кариера, пренесува Би-Би-Си.
Во 24 сезони во Премиерлигата, англискиот играч од средниот ред одигра 658 натпревари и запиша 56 гола и 87 асистенции. Кариерата ја започна во Лидс, за кого дебитираше како 16-годишник во ноември 2002 година. После тоа, играше во Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул, а последните три сезони ги помина во Брајтон.
Три пати беше шампион на Англија, двапати со Манчестер Сити и еднаш со Ливерпул. Исто така, ја освои Лигата на шампионите со „црвените“ во 2019 година.
Одигра 61 натпревар за англиската репрезентација, постигнувајќи еден гол.
„Имав среќа да доживеам незаборавни моменти, од борба за опстанок до освојување трофеи, играње во Европските купови и претставување на Англија на две Европски и Светски првенства. Но, ќе ги паметам луѓето што ги запознав по патот и пријателствата што ги стекнав“, објави Милнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
