Легендарниот Џинобили се враќа во Сан Антонио

Легендата на Сан Антонио, Ману Џинобили повторно ќе биде дел од тексашкиот тим откако ја прифати понудата да биде дел од организацијата како советник во стручниот штаб за развој на младите играчи.

Аргентинскиот ас беше дел од Сан Антонио цели 16 сезони, период во кој четири пати ја освојуваше НБА лигата (2003, 2005, 2007 и 2014). Одигра 1057 натпревари, а оствари дури 762 победи со просек од 13.8 поени, 3.8 асистенции и 3.5 скока по натпревар.

Се вчитува...