Легендарниот Сер Алекс Фергусон секогаш може да се види на трибините на Олд Трафорд кога игра Манчестер Јунајтед. Така беше и при последниот натпревар, кога тимот одигра неверојатен натпервар кој заврши 4-4 против Борнмут.
Соочен со моменталната сотојба во клубот, некогашниот менаџер на тимот на Јунајтед беше искрен, и кажа дека навивачите можеби ќе треба да почекаат уште една деценија пред тимот да стане шампион. Нивната последна титула е во 2013 година.
Исто така и во позитива зборуваше за Рубен Аморим.
„Добар човек е, но не му е лесно. Се сеќавам на моето време, тогаш Ливерпул беше најдобар. Тие беа фантастичен клуб, четири пати ја освоија Лигата на шампионите, а потоа им требаа 31 година повторно да дојдат до титулата. Сега Јунајтед е во истата ситуација. Може да потрае уште 10, може уште 11 години поради овој циклус“, изјави Фергусон и додаде:
„Треба внимателно да се одбираат новите имиња. Треба да се носат само подобри играчи. Доведувањето на голманот Ламенс направи разлика. Тој е млад, има 23 години, брз е, големо момче, игра добро со нога, со рака, и мислам дека тоа помага. На Јунајтед му требаше вакво засилување. Истото го мислам и за Мбемо и Куња за кои верувам дека ќе придонесат за враќање на нашата форма“, заклучи тој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

