Легендарниот фудбалер го советува Мбапе: „Не оди во Реал Мадрид“

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Кларенс Сидорф смета дека би било голема грешка доколку Килијан Мбапе потпише за Реал Мадрид. Синоќа неговиот тим беше поразен со 3-1 од „кралевите“, па така францускиот напаѓач се прости од Лигата на шампионите.

Мбапе веќе со месеци се поврзува со трансфер во „кралевите“, а шпекулациите одат до таму што велат дека дури имало и договор меѓу двете страни.

„Не го гледам Мбапе во Реал Мадрид. Доколку игра по лева страна, тоа значи дека Винициус би се преселил на клупа. Каде би можел да игра? На десната страна?“, изјави Сидорф.

Тој смета дека единството во Реал е клучно за вчерашната елиминација на ПСЖ, а посебно во испофали Бензема.

„Работи за тимот и бара топка во длабочина. Мбапе тоа не го прави, тоа кај ПСЖ го прави Нејмар. Мислам дека на Мбапе му треба друг тим ако сака да напредува“, вели Сидорф.

Се вчитува...