Новата сезона во НБА лигата започнува денеска, а не се исклучува можноста на стартот на сезоната да дојде до нови промени во тимовите. Гласини се вртат околку Дамиен Лилард кој годините наназад се наметна како еден од клучните играчи на Портланд, но суперѕвездата е далеку од битката за прстен.
Со цел да се вклучи во истата, легендарниот Кевин Гарнет кој ја освои титулата во 2008 години го светува неговиот сонардоник да цели кон трансфер во Денвар каде заедно со Никола Јокиќ може сериозно да ги промени силите во најсилното првенство.
„Сакам да го видам како игра заедно со Никола Јокиќ. Нивната игра „два на два“ ќе биде на самиот врв и ќе биде импресивна. Голема ѕвезда ќе го направи Лилард уште подобар, а Јокиќ е на тоа ниво“, вели Гарнет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА