Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Петер Шмајхел, смета дека менаџерот Рубен Аморим треба да му ја одземе капитенската лента на Бруно Фернандеш и да му ја врати на Хари Магваер. Јунајтед ја оствари својата прва победа над Ливерпул на „Енфилд“ по речиси една деценија овој викенд и забележа две последователни победи во Премиер лигата за прв пат откако Аморим го презеде клубот во ноември 2024 година.
Шмајхел беше импресиониран од играта на дефанзивецот Хари Мегваер, кој го постигна победничкиот гол и беше во почетниот состав само по трет пат оваа сезона во лигата. Поранешниот играч на „Црвените ѓаволи“ препорача Мегваер да ја врати капитенската лента, повикувајќи го Аморим да размисли за промена.
„Не можам доволно да го пофалам. Сакам Хари Мегваер да игра на секој натпревар. Сакам да биде капитен. Тој ги има сите квалитети на добар лидер за Манчестер Јунајтед “, изјави Шмајхел.
„Се согласувам дека не е најбрз и има некои проблеми со нападите, но Манчестер Јунајтед и претходно имал вакви дефанзивци. Тој може да ги организира сите, да разговара со сите и да инспирира самодоверба, а тоа е важно. Тој е некој што постојано се издвојува и презема одговорност“, додаде 61-годишниот Шмајхел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

