Легендарниот Мирослав Клосе со прв тренерски ангажман

Легендарниот германски репрезентативец Мирослав Клосе кој сеуште е рекордер по бројот на постигнати голови на Светските првенства го најде својот прв тренерски ангажман во австрлискиот прволигаш Алтрах.

Четириесетичетири годишникот во минатото беше помошен тренер во германската репрезентација и Баерн Минхен, а ја предводеше и У17 селекцијата на баварците, но сега го чека вистинскиот предизвик во клубот кој претходната сезона се бореше за опстанок.

„Се радувам на својот прв ангажман. Од почетокот имам чувство дека сум на вистинското место. Едвај чека да ја запознаам екипата, луѓето во клубот и навивачите и заедно да направиме добра работа“, изјави Германецот.

Се вчитува...