Легендарниот Миура ќе игра и на 55 години

Легендарниот јапонски фудбалер, Казујоши Миура, и на 55 години ја продолжува својата професионална кариера. Миура потпиша нов договор со јапонскиот четвртолигаш Сузука Поинт Гетерс чиј тренер е неговиот брат.

Популарниот „Казу“, имаше симблоична промоциј на 11 јануари во 11:11 часот, а ќе го носи и дресот со број „11“. Миура во февруари ќе наполни 55 години, а имаше неколку понуди и елитната јапонска лига. Тој во неколку наврати кажа дека сака да ја продолжи кариерата до неговата 60 година. Во кариерата играше во Бразил, Јапонија, Италија, Австралија, а и во Динамо Загреб.

 

 

Се вчитува...