Легендарниот плејмејкер Рондо замина во пензија

Еден од најмаркантните плејмејкери во историјата на НБА лигата, Рајжон Рондо стави крај на 16 сезонската НБА кариера и официјално замина во пензија. Оваа одлука 38-годишникот ја објави на подкастот на Мет Барнс и Стивен Џексон.

НБА кариерата на Рондо завршува со две шампионски титули освоени со Бостон и Лос Анџелес Лејкерс, четири настапи на Ол-стар викендот, четири избори во најдобриот дефанзивен тим во сезоната и три сезони во кои тој беше најдобар асистент на првенството.

„Сакам да уживам со моите деца. Доволно заработив сега е време да им се посветам на нив“, откри Рондо.

21-виот пик на драфтот во 2006 година низ годините настапи за девет различни тимови во НБА лигата меѓу кои највеќе се одразуваат деветте години поминати во Бостон и двете во ЛА Лејкерс.

Се вчитува...