Поранешниот капитен и легенда на Барселона, Карлес Пујол, го повика Винициус Јуниор да се фокусира на фудбалот по критиките за емоциите на Бразилецот на теренот.
Винициус Јуниор игра одлично, но однесувањето на бразилскиот репрезентативец често предизвикува револт кај противничките играчи и навивачите.
„Би сакал да разговарам со него како фудбалер со фудбалер и да му кажам што мислам и чувствувам. Би му рекол: „Слушај, подобро фокусирај се на фудбалот“. Тој е одличен играч кој прави разлика и треба да му се восхитуваат, но неговото однесување е неприфатливо. Да го сменеше својот став, ќе имаше повеќе признанија“, изјави Пујол.
Бразилецот беше во центарот на вниманието и во ремито без голови против Рајо Валјекано кога влезе во конфликт и со македонскиот голман Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА