Легендарниот Шаби удри по „хејтерите“: До кога нашите спортски успеси секогаш ќе се наместени!?

И легендарниот македонски одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски – Шаби не можеше да ја сокрие радоста од големата победа на фудбалските репрезентативци против Германија.

Но, популарниот Шаби не можеше да го сокрие и револтот од повторно појавените „хејтери“ по социјалните мрежи кои, како по обичај, се јавија со констатациите за наместени резултати на македонските селекции кои не значат ништо…

„Ракомет со Данска – наместена, фудбал со Германција – наместена, одбојка со Турција – наместена… Па добро бе што е работава? Љубомора? Незнаење? Ливчиња не ви влагаат и немате муда да одиграте за тие шо навивате? Дали воопшто навивате!?!?! Оваа земја родила спортисти и тек ќе раѓа. Бидете горди на сите наши достигнувања и доста јадење гомца ЕКСПЕРТИ!!! Додека политичарите ни ја бришат историјата, спортистите испишуваме нова!!! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!“ – напиша Ангеловски на својот фејсбук профил.

Се вчитува...