Легендарниот „Стејплс центар“ го менува името

Легендарната арена во Лос Анџелес „Стејплс центарот“ ќе го промени името благодарејќи на богатиот договор кој го направи салата со сингапурската компанија „Crypto.com“ која промовира широка употреба на криптовалута.

Раководството на салата во која своите натпревари ги играат Лејкерс, Клиперс во НБА лигата како и ВНБА тимот на Спаркс и НХЛ франшизата на Кингс направи договор со „Crypto.com“, во траење од 20 години, а за сума од 700 милиони долари.

Новото име салата ќе го добие на Божиќ. „Стејплс центарот“ беше отворено во 1999 година и има капацитет за 20.000 гледачи.

Се вчитува...