Легендарниот Жоакин конечно заминува во пензија

Шпанскиот прволигаш Бетис попладнево го објави пензионирањето на Жоакин Санчез по 23-годишна кариера полна со успеси и емоции. Тоа го направи преку социјалните мрежи со видео во кое самиот фудбалер ги раскажува своите чувства и инсистира дека секогаш се трудел од својот фудбал да направи „уметност“.

На 41-годишна возраст Жоакин одлучи да ги закачи копачките на клин по крајот на оваа сезона, додека тој продолжува да биде важен дел од актуелната шема на Мануел Пелегрини.

Жоакин во емотивно видео ја објави оваа одлука:

„Животот е постојана еволуција. Клучот е да се стави малку уметност во се. Патот е полн со емоции. Таа магична априлска ноќ во која можев да исполнам сон. Колку брзо минува времето. Ништо не е вечно, велат тие, но грешат. Не знаат што е уметност? Тоа е инспирација, емоции и трансформација. 23 години се трудев од мојот фудбал да направам уметност и да ме паметат од генерација на генерација. Од класично до современо. Единственото нешто што треба да направам е да ги закачам моите копачки, мојата уметност. Прозорец во вечноста“, изјави Жоакин. 

Се вчитува...