Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа фантастичен натпревар за комплетирање на 16. коло во Премиерлигата. На „Олд Трафорд“ двата тима ги „наполнија мрежите“ постигнувајќи вкупно осум голови за реми кое многумина го нарекоа натпревар на сезоната.
Истиот не помина без коментар на легендата на Манчестер Јунајтед, поранешниот голман Едвин Ван дер Сар кој на социјалната мрежа „Х“ остави интересен коментар.
„Набрзина го прошетав куќето на полувреме, што побогу се случи во Манчестер“, беше коментарот на Ван дер Сар кој перфектно го отсликува фантастичниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

