Легендата на Манчестер Сити презема клуб од „Островот“

Легендата на Манчестер Сити, Винсент Компани по две години повторно ќе биде дел од англискиот фудбал, но овој пат во Чемпионшипот каде ќе го предводи Барнли, потврди клубот.

Белгиецот кој по завршувањето на играчката кариера заплива во тренерските води како предводник на Андерлехт ќе има тешка задача да го врати тимот кој натпреварувачката сезона 2021/22 ја заврши на 18. место на табелата во Премиерлигата, назад во „елитата“ на островскиот фудбал.

Се вчитува...