Легендите од Чаир се собраа за големиот јубилеј на Шкупи (фотогалерија)

Шкупи денеска прослави голем јубилеј, 90 години од своето постоење, што клубот од скопската населба Чаир го одбележа на најдобар можен начин, со одлично организирана прослава на која присуствуваа бројни играчки и тренерски легенди, а беше прикажан и краток документарен филм за историјата на овој клуб.

Поранешниот долгогодишен капитен на Слога Југомагнат, Неџмедин Мемеди, Арџент Беќири, Зекирија Рамадан, некогашниот тренер на шампионската генерација Ѓоре Јовановски, како и Горан Станковски, Зоран Јовановски, Горан Јаневски, Масар Омерагиќ, Арбен и Ардијан Нухиу беа само дел од присутните на свеченоста по повод одбележувањето на големиот јубилеј, 90 години од постоењето на Фудбалскиот клуб Шкупи, поранешна Слога Југомагнат.

Говор одржаа поранешни истакнати личности од управата, но и актуелниот претседател Омер Буњаку, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и новиот спонзор, Шефкет Демири, кои најавија враќање на Шкупи во борбата за трофеи во македонскиот фудбал.

[new_royalslider id=”885″]

Се вчитува...