Лех Познањ сака да го купи Стефан Спировски

Полскиот прволигаш Лех Познањ е сериозно заинтересиран за ангажман на македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски. Раководството на клубот сака да го види во своите редови по завршувањето на оваа сезона, со оглед дека нашиот интернационалец ќе влезе во последната година од неговиот актуелен договор со Ференцварош, кој има важност до јуни 2020 година.

Скаутите на Лех Познањ подолг период ги следат игрите на Спировски во дресот на Ференцварош, раководството на клубот доби позитивна препораки и тргнува конкретно во ангажман на македонскиот интернационалец. Тимот од Будимпешта се наоѓа на првата позиција на табелата во унгарското првенство по 18 кола, со 39 освоени бода.

Се вчитува...