Лејкерс добиваат „ветерански“ шмек?

Лос Анџелес Лејкерс по неуспешната сезона тргнуваат кон нови аквизиции за враќање на титулата во Калифорнија. По договорот со Расел Вестбрук сега тимот ги насочи погледите кон ветераните Двајт Хауард и Кармело Ентони.

Центарот кој беше дел од победничкиот состав од сезоната 2019/20 претходната сезона ја помина во редовите на Филаделфија, а сега сака да се врати назад во Лос Анџелес. Желба за враќање на 35-годишникот изразил и тимот кому му одговара да добие искуство во рекетот по минимална цена со оглед на тоа што слободниот играч може да потпише ветерански договор.

На прагот на Лос Анџелес е и Кармело Ентони кој на залезот на кариерата сака да заигра „рамо до рамо“ со Леброн Џејмс. Оваа ситуација е слична како онаа со Хауард. Интерес постои и кај Лејкерс, но и кај самиот Ентони кој изјави дека со еден повик би се преселил во Калифорнија.

Се вчитува...