Лејкерс ги прегазија Њу Орлеанс, тежок пораз на Денвер (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс стигнаа до убедлива победа на домашен терен против Њу Орлеанс пеликанс од 139-122. Кошаркарите на домаќинот во првото полувреме на противникот му уфрлија 87 поени.

Дианџело Расел со 30 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Зајон Вилијамсон.

Aктуелниот шампион Денвер нагетс помалку и изненадувачки забележа тежок пораз на гостувањето кај Сакраменто кингс од 135-106. Малик Монк со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Никола Јокиќ заврши со 23 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Атланта 121-127, Торонто – Хјустон 107-104, Бостон – Вашингтон 133-129 и Милвоки – Шарлот 120-84.

Се вчитува...