Лејкерс го приредија невозможното, а потоа се посрамотија во продолжението (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс успеаја да надополнат негатва од девет поени во само 30 секунди во завршницата од синоќешниот меч против Филаделфија во НБА лигата, и со тоа да се изборат за продолжение. Но, потоа одиграа катастрофално лошо и запишаа пораз од 122-133, својот 15-ти во 25-от натпревар сезонава. Филаделфија, пак, стигна до 13-та победа.

На помалку од 30 секунди пред крајот Филаделфија имаше предност од 119-110, но следеше одлична серија на гостите  кои дојдоа до израмнување. Филаделфија се прокоцка а можеше да остане и без продолженија, а со пораз, ако Ентони Дејвис на 3,7 секунди ги погодеше двете место само едно слободно фрлање.

Но, во продолжението очајна игра на Лејкерс кои ги промашија првите девет обиди, Филаделфија направи серија од 12-0 и потоа лесно го однесе мечот кон триумф.

Џоел Ембид покажа најмногу со 38 поени, 12 скока и пет асистенции за победничкиот тим во кој партија на кариерата пружи Де’Антони Мелтон со 33 поени и седум освоени топки. Џејмс Харден дополни со 28 поени и 12 асистенции, што му беше доволно да дојде само четврти кошаркар во историјата на НБА со 23.000 поени и 6.500 асистенции. Преостанатите тројца се Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Оскар Робертсон.

Кај Лејкерс, пак, најдобар беше Дејвис со 31 поен и 12 скока, а Џејмс дополни со 23 поени. Вестбрук стигна до „трипл-дабл“ од 12 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Се вчитува...