Лејкерс го забележа четвртиот пораз во низа: Очајна игра на првиот фаворит за НБА прстенот!

Леброн Џејмс е желен за освојување на петтиот шампионски прстен, па летово „регрутираше“ добри познаници и пријатели со цел Лејкерс да ги направи најсилниот тим на светот. Сепак, подготвителните натпревари пред стартот на новата НБА сезона се кобни за Леброн и компанија, па тие го забележаа четвртиот пораз во низа. Овој пат беа прегазени од Феникс Санас со резултат од 94-123.

Ви тимот пристигнаа Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Двајт Хауард, Рајон Рондо, Деандре Џордан, Кент Бејсмор, Вејн Елингтон и други, тие исто така успеаја да го задржат Ентони Дејвис, но засега работите не функционираат според планираното, па настана мала паника меѓу фановите на клубот.

Овој натпревар, за разлика од мечот со Голден Стејт, беше предводен од Леброн Џејмс, но го играа и Ентони Дејвис (19 поени) и Кармело Ентони (17) и Расел Вестбрук (8), кој вели дека никогаш претходно не играл добро во предсезонски натпревари, па нема никаков страв од овие лоши изданија на неговите соиграчи.

Останати резултати:

Орландо – Сан Антонио (100-101)

Кливленд – Чикаго (101-102)

Милвоки – Оклахома (130-110)

Се вчитува...