Лејкерс оштетени во дербито против Бостон, Далас без Дончиќ е АБА 2 тим (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаја пораз на гостувањето кај Бостон Селтикс по продолженија од 125-121 во дербито на НБА лигата. Клубот од ЛА и тоа како треба да биде гневен на поразот бидејќи во регуларниот дел беше оштетен откако не беше досуден фаул за Леброн Џејмс во последниот напад за „езерџиите“ при нерешен резултат 105-105.

Токму Леброн беше најдобар поединец на натпреварот со 41 поен, додека кај победникот Џејлен Браун уфрли 37 поени.

Далас Маверикс без Лука Дончиќ дефинитивно не се тим за НБА лигата. Поради повреда одличниот Словенец не можеше да им помогне на своите соиграчи кои загубија на гостувањето кај Јута Џез со 108-100. Лаури Марканен со 29 поени беше најдобар во таборот на победникот, додека кај поразените Спенсер Динвиди заврши со 35 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бруклин – Њујорк 122-115, Детроит – Хјустон 114-117, Орландо – Чикаго 109-128, Атланта – ЛА Клиперс 113-120, Минесота – Сакраменто 117-110, Њу Орлеанс – Вашингтон 103-113, Сан Антонио – Феникс 118-128 и Портланд – Торонто 105-123.

Се вчитува...