Лејкерс се одбранија од Мајами, Бруклин лесно со Орландо

Лос Анџелес Лејкерс ја запишаа втората победа во низа откако го совладаа Мајами по продолжение со 120-117. Во отсуство на Леброн Џејмс, предводник на тимот беше Монк со 27 постигнати поени, а трипл-дабл учинок од 25 поени, 12 скока и 14 асистенции запиша Расел Вестбрук. Кај Мајами најрасположен беше Адебајо со 28 поени и 10 скока, а поен помалку постигна Хиро.

Бруклин лесно се справи со Орландо и славеше со 90-123 на крилјата на Кевин Дурент и неговите 30 поени и 5 скока. Олдриџ додаде 21 поен и 8 скока, а трипл-дабл од 17 поени, 11 скока и 11 асистенции забележа Харден. Рос беше лидер на Орландо со 17 поени.

Денвер без суспендираниот Никола Јокиќ славеше со 101-98, а „ол-ароунд“ натпреварот на Лука Дончиќ проследен со 20 поени, 8 скока и 10 асистенции не беше доволен за Далас за слави над Чикаго (117-107).

Се вчитува...