Лејкерс се поблиску до плеј-ин, 46 поени на Букер не беа доволни за победа на Феникс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се на добар пат да изборат место во плеј-инот на најсилното кошаркарско натпреварување откако со победата од 111-105 против Орландо стигнаа до 35. победа во сезоната.

До истата ги предводеше Ривс со 35 поени, 6 скока и 6 асистенции, додека на спротивната страна се истакнаа Италијанецот Банчеро со 21 поен и 6 скока и Германецот Вагнер со 21 поен, 8 скока и 7 асистенции.

Сега Лејкерс се изедначени со Минесота на делба на последното, десетто место кое води во плеј-инот, но заостануваат и само еден натпревар од шестата позиција која води директно во плеј-офот.

Екипата на Феникс ја продолжи лошата форма на гостувањето кај Оклахома каде загуби со 124-120. На тимот од Аризона не им помогна расположениот Букер кој броеше до 46 поени и 3 скока бидејќи домаќините го имаа Гилгрус-Алексендер кој натпреварот го заврши со 40 поени и 5 скока.

Во останатите натпревари:

Сан Антонио – Атланта 126-118
Детроит – Мајами 100-112
Хјустон – Њу Орлеанс 107-117
Милвоки – Торонто 118-111
Портланд – Клиперс 102-117

Се вчитува...