Лејкерси го изненадија Детроит, Оклахома реди победи… (видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа на домашен терен против Детроит со 113-93 во синоќешниот меч од НБА лигата.

Лејкерси кои играат променливо од почетокот на сезонава успеаја на тој начин да ги изненадат Пистонси кои имаа низа од три едноподруго победи. Во редовите на тимот од Лос Анѓелес имаше дури седум кошаркари со двоцифрен ефект, а најмногу се истакна Рендл со 17 поени, додека Кузма заврши со 16 постигнати поени. Кај поразената екипа Реџи Џексон и Тобиас Харис имаа по 18 поени.

По овој триумф, ЛА Лејкерс има три победи и четири порази, додека Детроит има пет победи и три порази.

Оклахома на гостувањето кај Милвоки славеше со 110-91, водена од Пол Џорџ со 20 поени. Кармело Ентони запиша 17 попени дополнети и со 8 скока, додека Расел Вестбрук за малку не стигна до „трипл-дабл“ со 12 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Кошаркарите на Индијана и Феникс исто така забележаа победи. Индијана на домашен терен победи против Сакраменто со 101-83, додека Феникс на гостински терен победи против Бруклин со 114-122.

Се вчитува...