Леклер до пол-позиција во Монако, фијаско на Ферстапен

Шарл Леклер и Ферари имаат причина за задоволство откако овој возач успеа да стигне до пол-позицијата за утрешната трка за големата награда на Монако, вкупно 35. пол-позиција во кариерата на Леклер.

Возачот кој доаѓа токму од Монако делуваше максимално мотивирано на својата „домашна трка“, извозе перфектен круг и заслужено стигна до првото место со време од 1:10.270. Од второто место утре ќе стартува Оскар Пјастри во Мекларен, а трета на поаѓање ќе биде Карлос Саинц од Ферари.

Разочарувачки настап во овие квалификации имаше светскиот шампион Макс Ферстапен кој го освои само шестото место, а најдобар доказ за слабиот настап на Ред Бул е фактот дека вториот возач на овој тим, Серхио Перез, го освои катастрофалното 18. место во овие квалификации.

Се вчитува...