Леклер ја освои пол-позицијата за ГН на Австралија

Шарл Леклер во Ферари ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија која по пауза од три години се враќа во оваа земја.

Од првиот ред друштво на утрешната трка ќе му прави актуелниот шампион Макс Ферстапен кој доцнеше 286 илјадитинки во денешните квалификации. Од втроиот ред ќе стартуваат вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез и Ландо Норис. Луис Хамилтон ќе биде петти, а неговиот колега Расел шести. Во топ десет уште се и Рикардо, Окон, Сајнц и Алонсо.

Квалификациите ги одбележаа и два инцидента. Прво Ленс Строл и Николас Латифи имаа страотен судар, а потоа и Фернандо Алонсо го „искрши“ својот болид.

Трката за ГН на Австралија е закажана за утре со почеток во 7 часот по средноевропско време.

Се вчитува...