Леклер: Следната сезона три тима ќе се борат за титулата во Ф1

Вицешампионот од последната сезона во Формула 1, Шарл Леклер очекува следниот шампионат да биде поинтересен од тој што заврши пред месец дена.

Асот на Ферари вели дека во трката за титулата, покрај Ред Бул и неговиот тим, повторно ќе се вклучи и Мерцедес.

„Не се сомневам дека Мерцедес ќе биде во борбата. Имаа лоша статистика минатата сезона, но постојано напредуваа. Видоа каде им се проблемите, ги решија и затоа забележаа одлични резултати на крајот од сезоната. Сигурно ќе направат се за да бидат пред нас и Ред Бул“, изјави Леклер. 

Се вчитува...