Леклер со пол позиција на Големата награда на Барселона, Ферстапен втор, Мерцедес се подобар

Шарл Леклер ќе ја започне Големата награда на Барслеона од првата позиција откако го извозе најбрзиот квалификациски круг „Ку-3“. Макс Ферстапен остана без втор обид во третиот квалификациски циклус поради проблеми со болидот, но и покрај тоа успеа да ја освои втората позиција.

Од третото место ќе трне Карлос Саинз, а четвртти заврши Џорџ Расел. Серхо Перез е петти, додека шестата позиција му припадна на Луис Хамилтон. Првите десет ги сочинуваат уште: Ботас, Магнусен, Рикардо и Шумахер.

Мерцедес кој направи промени на болидот пред новиот Ф1 викенд се покажа во одлично светло во квалификациите па ќе биде интересно да видиме дали ќе влијае и на утрешната трка и ќе им се приклучи на Ферари и Ред Бул во битка за врвот.

Се вчитува...