Лемар одби да потпише нов договор, на лето го напушта Монако

Крилниот играч на Монако, Томас Лемар, одби да потпише нов договор со актуелниот француски шампион Монако. Францускиот репрезентативец очекува на лето да ги напушти „кнезовите“ и да си пронајде нова средина, а преферира негова следна дестинација да биде Премиер – лигата. Моменталниот договор на Лемар со Монако истекува во 2020 година, а одби двојно поголема неделна плата од неговите 25.000 евра кои ги заработува моментално.

Лемар во летниот преоден рок ќе биде трансферна цел број 1 за Арсенал и за Ливерпул, англиските гиганти и претходно се обидуваа да го „украдат“ фудбалерот од „Луј Втори“, но Монако одбиваше понуди високи до 80 милиони евра. Дури и во јануари имаше шпекулации дека Лемар ќе биде замената за Кутињо во Ливерпул, но потпретседателот Вадим Василев инсистрираше дека францускиот првак нема да продава среде сезона.

Сепак, одлуката да го одбие новиот договор ги разреши сите дилеми околу неговата иднина, Лемар на лето со сигурност ќе заигра за друг клуб, а според најавите, ќе го гледаме во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...