Ленард и Џорџ ги продолжија договорите со ЛА Клиперс

Лос Анџелес клиперс се решени да ги задржат своите двајца најдобри играчи, Пол Џорџ и Кавај Ленард. Според познатиот инсајдер Адријан Војнаровски, преговорите со двете врвни ѕвезди се одвиваат многу добро.

Ленард наводно веќе се согласил на нов договор, а Џорџ е на добар пат. Двајцата имаат опции следната сезона да бидат платени 48.700.000 долари. Ленард оваа сезона има просек од 23,8 поени, 6,1 скока и 3,4 асистенции по натпревар, шутирајќи над 50 отсто од поле. Џорџ има 23,2 поени, 5,6 скока и 3,7 асистенции додека шутира 46 отсто.

Се вчитува...