Лео Меси добитник на престижната награда Лаурeус за најдобар спортист за 2022 година

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лео Меси е добитник на престижната награда Лаурeус за најдобар спортист за 2022 година. Шампионскиот трофеј освоен со „гаучосите“ на Светското првенство во Катар е причината за Меси да ја добие втората ваква награда.

Како потсетување, првиот пат истата ја доби во 2019 година, но ја подели заедно со британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон.

Тоа воедно беше и последниот голем трофеј кој му недостигаше на легендарниот фудбалер, а го освои благодарение триумфот над Франција во големото финале.

Меси во изборот за најдобар спортист беше одбран пред француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, холандскиот возач во Формула 1, Макс Ферстапен и американскиот кошаркар Стеф Кари.

Се вчитува...